Фотографија како доказ: Дали Lady Gaga и Bradley Cooper се сепак во врска?
Иако Irina Shayk по настапот на Оскарите ја прегрна Lady Gaga и иако самата пејачка ги негираше гласините дека помеѓу неа и Bradley нема нешто повеќе од пријателски чувства, нагласувајќи дека настапот на песната „Shallow“ е токму онаков како што тие сакале да го претстават, гласините не престануваат.
Јавноста е сè повеќе e убедена дека блискоста што се чувствува помеѓу Lady Gaga и Bradley Cooper не е глума, туку чиста емоција која не можат да ја сокријат и да сакаат.
Љубопитните луѓе не престануваат да бараат докази, а во прилог е фотографија од Lady Gaga и Bradley Cooper која настанала пред доделувањето на Оскарите.
Актерот ја прегрна колешката околу половината, но трагите од карминот под неговата долна усна, даваат сомнеж дека парот не се бакнува само во образ.