Во Кали (53), се испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот го прегазил мафијашот со своето возило. Босот од мафијашкото семејството Гамбино, Франческо Кали, познат како Franky boy, e убиен пред својата куќа на островот Стетен. Во Кали (53), се испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот со возилото го прегазил мафијашот.
Фамилијата Гамбино е една од петте најголеми италијанско-американски мафијашки семејства во Њујорк. Засега не е познато кој стои зад оваа ликвидација, но истрагата е во тек.
Кали не се појавуваше многу во јавност, водеше повлечен живот. Тој е заслужен за регрутирање нови членови, особено имигрантски гангстери од Италија. Тие се фокусираа на трговијата со хероин и оксиконтин. Во 2008. година, тој отслужи 16-месечна затворска казна за изнудување пари. Кали потекнува од Сицилија и беше поврзан и со таа мафија. Со ова стана најпозициониран мафијаш, кој бил убиен во Њујорк од 1985. година, кога бил ликвидиран Пол Кастелано.