Големо изненадување за сите фанови на серијата „Sex And The City“:Carrie Bradshaw се врати!

24 јануари, 20190
сара

Доколку ви недостасуваше познатата Кери Бредшо, убавата вест е дека ни се врати барем на кратко!

Токму кога се помиривме со фактот дека од третото продолжение на филмот „Сексот и градот“ нема да биде ништо, Сара Џесика Паркер ја врати Кери Бредшо на голема врата.

Најпознатата телевизиска стилска икона одеднаш се појави на Instagram кај познатата актерка која ја толкуваше во култната серија и двата филма. Сара Џесика објави кратко видео во кое таа се шета во Њујорк, додека во позадина свиреше познатата мелодија на “Сексот и градот”, во издание во какво можеме денес да ја замислиме Кери.

„Мојата стара пријателка се врати накратко“ – напиша Сара Џесика под видеото, а таа, исто така, откри дека станува збор за нова соработка со бренд, кој не го именуваше, за кампањата “со цел за која сите се грижат“.

За што поточно станува збор, наскоро ќе дознаеме, како што објави актерката на нејзиниот Instagram, но секако, нас ни е мило што повторно ја видовме легендарната Кери.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi