Ако сте склони да ги грицкате вашите нокти кога ви е здодевно или кога сте нервозни, идејата за вештачки нокти може да изгледа привлечна за вас. Инаку, вашите нокти никогаш нема да имаат сопствена Instagram објава, и навистина ќе се обидете да ги сокриете на сите слики.
Ви се чини дека Amelia Perrin со своите совршени, завидливо долги канџи за кои обичен смртник може само да сонува, не може да се соочи со такви проблеми?
Размислете повторно, бидејќи иако ви се чини дека вашите нокти изгледаат како да припаѓаат на Jonah Hill, а не на некоја пристојна женска личност, веројатно изгледаат подобро од нејзините, после 6 години ставање вештачки нокти (без паузи меѓу нив). Amelia на Twitter објави слика од нејзините вистински нокти откако самата ги извадила затоа што немала време да оди во салон (ако навистина мора да имате вештачки нокти, одете во салон за да ви ги извадат професионалци) и изгледат навистина болно!
Во друга објава, самата таа напиша дека е неописливо болно и дека не можела да си ја измие косата целосно од болката на плочките на ноктите.