Историја: Изникнаа првите растенија на Месечината

16 јануари, 20190
moon

На Месечината изникнаа првите растенија, ова е прв пат некоја биолошка супстанца да израсне на тој Земјен сателит, објави кинеската Национална вселенска агенција.

Семето на растенијата на Месечината го однесе кинеската мисија Chang’e-4, која е првата мисија на темната страна на Месечината.

Растенија порано растеа на Меѓународната вселенска станица, но никогаш на површината на Месечината.

Ова би значело дека астронаутите би можеле да користат храна од сопствено производство во вселената, со што ќе ја намалат потребата да се враќаат на Земјата со цел повторно да се снабдат со храна.

Кинеските државни медиуми во вторникот објавија дека од памучното семе изникнаа првите стебленца.
Официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина на Твитер ги објави и првите фотографии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi