Мачката на починатиот дизајнер Karl Lagerfeld, Choupette (или лицето што стои зад
нејзиниот Instagram профил) успеа да профитира од своите 5 минути слава по смртта
на нејзиниот сопственик. Choupette сега има своја колекција “RIP
Daddy”, која вклучува маици, тренерки, шалови, маски за мобилни телефони и
дневници со цртежи на Choupette Monica Smiley (која е заслужна за нејзиното
лого на Instagram).
На
цртежите Choupette е со црн вел и препознатливите очила и
вратоврска на Lagerfeld, а зборовите “RIP
Daddy” се испишани на секој дизајн. Слатко или невкусно? Навистина не сме
сигурни. Она што треба ова да го направи помалку чудно е фактот дека
“одреден дел” од заработката од колекцијата ќе одат во Helen Woodward центарот за животни.