Морнарскиот стил се носи и ова лето – ова е нашиот избор за најдобрите парчиња!

Некои модни стилови се вечни – без оглед на актуелниот тренд – секогаш ќе се враќаме на оние кои ни се проверени, кои веќе сме ги прифатиле како најдраги.
Тоа е, секако, морнарскиот стил – толку шик, а во исто време лесен и едноставен за комбинирање. Тука се и неодоливите мотиви на јажиња и сидра, како и златните копчиња какви што имаат капетаните на своите палта.
Го поврзуваме со францускиот шик, поради сеќавањето на морнарските креации на Coco Chanel, а денес овој шик најдобро го носат французинките како Caroline de Maigret или Jeanne Damas.
Но, секоја од нас во некое „морнарско“ парче ќе добие дополнителен моден поен, без оглед дали ќе го искомбинирате со обични фармерки или можеби ќе бидете облечена во бело-црвено-сина комбинација од глава до пети .