На што „паѓаме“ ние жените, а на што мажите?

1 јули, 20190
a

Колку се големи разликите меѓу нас и нив?

Момчињата веруваат дека градбата на телото и дефиницијата на мускулите се клучни кога во прашање играта на привлечност, но сосема грешат. Жените ќе реагираат на убаво лице и на насмевка пред бицепс и трицепс. Насмевката целосно ги освојува, па висината, а тежината и мускулите паѓаат во позадина.

Се покажа дека на жените кај мажите повеќе им пречат лошите заби отколку лошата дефиниција на телото. Епа, момци, сега ги знаете нашите приоритети.

А ако некогаш сте се прашувале што забележуваат момците кај нас, време е конечно да дознаете.

 Од праисториските времиња луѓето ги привлекоа бујната коса затоа што го одразуваат здравјето на жената. Се разбира, вниманието им го привлекуваат и градите, но исто така и разликата помеѓу половината и колковите. Тесниот струк и широките колкови се симболи на плодноста, па затоа е јасно зошто се толку привлечни.

Но, насмевката не им е важна само за жените, исто толку им е важна и на момците.

 Мажите ги привлекува искрената насмевка, додека киселата и исфорсирана насмевка ќе ги одбие. Тие бараат потврда дека сте релаксирани и забавни!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *