
За време на неговиот неодамнешен престој во Белград, каде што го снимaше филмот „Minamata“, Џони Деп беше фатен како се бакнува со атрактивна црнокоса девојка, со која е виден минатата година во Москва додека беше на турнеја со својот бенд.
Сега е потврдено дека станува збор за руска танчерка и кореографка Полина Глен, која, според „Daily Mail“, e во средината на 20-те, a со 55-годишниот холивудски заводник, се запознале на една прослава во Лос Анџелес минатата година.
Деп со месеци се обидуваше оваа врска да ја задржи во тајност , но странските медиуми сега обелоденија дека тој и Полина дури и живеат заедно во неговиот дом во Лос Анџелес.