По само четири месеци врска, се
чини дека љубовната романса на комичарот Пит Дејвидсон (25) и актерката Кејт
Бекинсејл (45) заврши. Имено, извор близок до парот за “Entertainment
Tonight” тврди дека повеќе не се заедно.
За нивната врска почна да се
шушка на почетокот на годината на доделувањето на „Golden Globes“, а набрзо
потоа двојката повеќе не ја криеше својата интимна страна од јавноста.
Актерката,
која пред Дејвидсон, беше во врска со 22 години
помладиот водител и модел Метон Рејф, на почетокот на врската го облеваше со
комплименти поранешното момче на Ариана Гранде.
“Никогаш
не сум била на никој како него, тој е полн со непредвидливост, и тоа ме
возбудува”, рече Кејт.