А не и е роденден!
Веќе знаете за тоа дека браќата Јонас имаат нов сингл „Sucker“. Продолжението на приказната е дека нивниот нов сингл се искачи на првото место на листите, а Nick одлучи ова да го прослави, купувајќи нов автомобил, ни помалку, ниту повеќе туку новиот Mercedes-Benz Maybach, вреден 199.000 долари.
Инаку, ако не сте знаеле, Nick и Priyanka се венчаа во декември минатата година и јавно разменуваат нежности цела 2019. година. Priyanka објави фотографија од нејзиниот нов автомобил на Instagram со наслов „Кога сопругот е број еден“.