Откриено е што има полусестрата на Меган против неа

4 март, 20190
megan 0

Таа раскажа во документарниот филм.

Саманта Маркл, полусестрата на војвотката од Сасекс, 37-годишната Меган Маркл, сè уште не престанува да ја напаѓа поранешната американска актерка. Неодамна, американските медиуми пишуваа дека таткото и полусестрата на Меган имаат план целосно да го уништат угледот на поранешната актерка. Со постојаното објавување на валканите приватни детали за животот на Меган, нејзината 54-годишна полусестра, Саманта е истрајна во тоа да ја оцрни војвотката во медиумите, а таа, исто така, ја најави промоцијата на книгата за Меган, „In the shadows of the duchess“, која ќе биде издадена во две продолженија . Но, сега излезе документарец со наслов „Meghan and the Markles: A Family at War“, во кој таа објасни што најмногу ја вознемирува.

Имено, иако тие не комуницираат со години, Саманта очекувала покана за венчавката на Меган и принцот Хари, која инаку не ја доби, а тоа многу ја погоди. Таа исто така откри дека кавгата започнала откако принцот Хари еднаш изјавил дека кралското семејство всушност е семејството кое Меган никогаш го немала. „Мислам дека Хари не ја знае целата приказна. Овде нешто не функционира. Не знам зошто Меган се срами од своето семејство“, рече таа во документарецот.

Да ве потсетиме, Саманта своевремено отпатува во Британија, надевајќи се дека ќе се сретне со Меган, но на крајот се појави во неколку телевизиски интервјуа каде што го нападна однесувањето на својата полусестра и на секој начин се обиде да и наштети на нејзината репутација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber