Пејачката призна дека животот и се распаѓа

4 март, 20190
ariana

Беше искрена со нејзините обожаватели.

Американската пејачка, 25-годишната Ариана Гранде, во својата кариера има само успеси. Додека и цветаат музичката и актерската кариера, а покрај тоа таа е и на врвот на листата, кога станува збор за бројот на followers на социјалната мрежа Instagram, приватниот живот не и е толку фасцинантен како што им се чини на сите. Имено, на нејзиниот Instagram профил таа напиша искрена и емотивна порака до сите нејзини верни фанови.


„Ова веројатно ќе биде премногу, но само сакам да кажам колку сум благодарна за својот живот, за луѓето во него, за сите подеми и падови. За целата смеа, но и за болката, за музиката и за доживотните пријателства што ги стекнав. Не можам да сумирам што сѐ се случи во текот на изминатите неколку години. Всушност не сум сигурна во која насока да одам со овој натпис, но благодарна сум што сѐ уште сум тука. И возбудена сум што ќе ве видам сите вас на турнеја. И веројатно многу ќе плачам. Пред неколку месеци, му кажав на мојот тим дека не се чувствувам добро и дека не сум подготвена да одам на турнеја и на работа, но моите пријатели, сите вие и музиката, всушност, ми го спасија животот. Сѐ уште се лекувам, но се чувствувам подобро и предчувствувам дека ова ќе биде прекрасен период во живот. Ќе се фокусирам на шоуто за сите вас, но ќе го оставам мобилниот телефон на страна за да не ги расипам сите изненадувања. Ви благодарам за сè! Јас сум навистина длабоко трогната. Животот е див, но вашата љубов и оваа музика ме направија посилна“, напиша таа.

Да ве потсетиме, пред две години на концертот на Аријана во Манчестер, имаше напад на бомбаш-самоубиец каде што загинаа 22 лица, а беа повредени повеќе од 139 лица. Таа никогаш не сокри колку и беше тешко од тој ден, а денес зборува за тоа како „никогаш нема да успее да зборува за тоа, без да заплаче.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *