Rami Malek е во преговори за уште една улога од соништата во која со нетрпение чекаме да го видиме
Актерот е во завршни преговори.
Американскиот актер, Rami Malek, кој неодамна освои Оскар за улогата во филмот „Bohemian Rhapsody“ е во последни преговори за да го одигра следниот негативец во Bond.
Ѕвездата ќе биде во друштво на Даниел Крег во Бонд 25, за кој се смета дека е последниот филм на Крег во улогата на познатиот херој.
Исто така, потврдено е дека Lea Seydoux се враќа како психологот на Madeleine Swann, додека актерите Naomie Harris, Ben Whishaw i Ralph Fiennes, исто така, ќе ги играат своите улоги. Минатиот месец, Malek не зборуваше многу за гласините, но за ЕТ тој рече: “Ќе мораме да видиме за тоа – би било убаво да играм негативец, тоа за мене ќе биде уште една улога од соништата”. „Досега, имав можност да играм толку многу добри улоги, па … кој знае”.