
Група пожарникари од Мисури го воодушевија светот откако му помогнаа на лице со посебни потреби, на кое му се потроши батеријата од инвалидската количка додека бил далеку од дома, и му помогнаа да се врати во својот дом.
На видеото објавено на Фејсбук се гледа како тројца пожарникари туркаат еден човек во инвалидска количка додека ги следи противпожарната бригада.
Мајк Ханли, шеф на пожарникарите, рече дека количката на воениот ветеран најпрво била заглавена во кал, а додека тој успеал да излезе, се потрошила батеријата.
Пожарникарите потоа му помогнаа да си оди дома.