Paris Fashion Week: штикли кои светат во темница

24 јануари, 20190
0

Светлата од рефлекторите не беа единствениот извор на светлина на модната писта на Iris van Herpen, која ја претстави својата колекција на Париската модна недела.

Дизајнерката ја пронајде инспирацијата од астрологијата и далечните галаксии во универзумот. На ревијата го претстави футуристичкиот свет во кој креациите на бајките беа надополнети со метален накит за лице и чевли со високи потпетици кои блескаат во мракот.

Заедно со високите потпетици кои блескаат во темница, фустаните од колекцијата се збогатени со принт инспириран од делото на уметникот Kim Keever, поранешен инженер на NASA, чија работа е комбинација на уметноста на сликање со фотографија.

Креациите имаа скулптурална форма која беше постигната со деталите направени со 3D принт, кој ни овозможи да замислиме како некаде далеку би се облекувале вонземски суштества.

Иако оваа сезона многу дизајнери инспирацијата ја побараа во минатото, освежувачката промена беше да се види како Iris van Herpen гледа нанапред во нови галаксии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *