Повторно скандал во семејството Kardashian: Овој пат Kylie Jenner остана без момче
Ако помисливте дека еден ден во семејството Kardashian може да биде мирно и досадно, се лажете!
Најмладата сестра на кланот Kardashian-Jenner, Kylie, го обвини нејзиното момче и татко на нејзината ќерка Travis Scott за неверство.
Како што објави американскиот магазин Cosmopolitan, Travis, наводно, тајно откажал еднен од неговите настапи со цел да ги изненади Kylie Jenner и ќерката Stormi, но наместо со насмевка, таа го дочекала со докази за неверство.
Според нивниот близок извор,тие имале голема кавга, така што Travis повторно го одложил настапот за да ја реши ситуацијата.
Сепак, раперот одлучи да ги демантира сите гласини, па затоа за магазинот Е! изјави дека ништо од наведеното не е вистина и дека настапите ги пропуштил, бидејќи бил болен. Kylie се уште не искоментирала ништо.