Позната е причината за разводот на Џорџ и Амал Клуни

25 јануари, 20190
george

Проблеми во рајот.

Само 15 месеци откако запловија во брачните води, Амал Клуни, 40-годишна адвокатка за човекови права, е решена да се разведе од нејзиниот сопруг, 57-годишниот актер Џорџ Клуни, објавија странските медиуми.

Амал, наводно, поминала неколку дена во Лондон во друштвото на пријателите со кои уживала во ноќниот живот и алкохолот. Извор близок на адвокатката тврди дека како г-ѓа Клуни е се понезадоволна од нејзиниот брачен живот, и бара поголема утеха во алкохолот. По малку повеќе алкохол, таа почнала да зборува за нејзиниот брак. Очигледно е дека таа е несреќна и изгледаше како да и олесна тоа што Џорџ не е во нејзина близина“, изјави изворот за медиумите, додавајќи дека Амал нема време за себе, што е уште една причина за нејзиното незадоволство.

„Амал сега живее во светот на Џорџ и на ова додадете го и притисокот од животната средина таа да остане бремена, на сите до сега треба да им биде јасно зошто е несреќна“, додаде изворот.

Исто така, адвокатката, наводно, се плаши дека го загубила деловниот кредибилитет откако се омажи за Клуни. „Тоа е сериозен удар за неа, бидејќи таа се плаши дека деловните партнери не ја сфаќаат толку сериозно“, заклучи изворот.

Да се потсетиме дека Амал и Џорџ се венчаа на 27. септември 2014. година и ги имаат едногодишните близнаци Александар и Ела, а за нивниот развод медиумите пишуваат веќе неколку недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi