Selena Gomez наскоро со нова песна
По долгата пауза на пејачката, поради нарушеното ментално здравје, сега се чини дека е подготвена да се врати на сцената.
Претходно овој месец, Selena ја прекина тишината на социјалните мрежи и ги извести нејзините фанови дека има неколку возбудливи проекти што ќе се појават во 2019. година.
Покрај партнерството со брендовите Puma и Coach, Selena за само 5 дена ќе објави нова песна во соработка со пејачката Jullia Michaeles, наречена Anxiety.
Анксиозноста е тема за која Selena често зборуваше во медиумите. Таа неодамна во едно интервју призна дека турнеите се многу стресен момент за неа, се чувствува неописливо осамено на нив и дека таа не е зрела за таа задача. Затоа одлучи да не поминува многу време на социјалните мрежи за да се оддалечи од непријатните коментари.