Рекорд во Австралија: Најтоплиот декември во историјата

17 јануари, 20190
avstralija

Во Австралија е забележан најтоплиот ден во историјата, а декември 2018. беше најтоплиот месец, соопштуваат од Метереолошката станица во Австралија.

На 27. декември, забележани се температури во просек од 40,19 Целзиусови степени.

Во некои делови на Австралија, биле измерени 49 Целзиусови степени. Веќе во 8.40 часот наутро истиот ден, биле регистрирани 43 степени, а екстремните температури биле во Западна и Јужна Австралија, Нов Јужен Велс и централен Квинсленд.

Според податоците од Австралиската метеоролошка станица, највисоката температура на 27. декември била само два степени под рекордното ниво од 50,7 степени, забележани во 1960. година. Жешкиот бран, кој започна во декември, продолжи во јануари, пренесува агенцијата Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *