Шминкерот на Rosie HW, Bellа i Gigi Hadid претстави сопствен beauty бренд

19 март, 20190
make up 2

Шминкерот Patrick Ta – миленикот на многу ѕвезди, од сестрите Hadid, Rosie Huntington-Whiteley, Blake Lively, Shay Mitchell, Adriana Lima и многу други, одлучи да влезе во beauty индустријата со сопствен бренд наречен For Her.

Patrick ги сака сите видови на шминка: од прекрасно нацртаниот црн туш на очните капаци и nude сенки, до усни со црвен кармин, нијанси на фуксија и зрели нијанси на цреша – женствена шминка и секси изглед.

„Сакав да создадам козметика со која жените ќе се чувствуваат самоуверени и убави во својата кожа. Сето тоа е за неа (For Her): за мајката, за сестрата, за моите клиенти, за најдобрите пријатели. Тие ми дадоа доверба, кариера и можност да го изразам моето мислење “, рече Patrick за лансирањето на брендот.

Во семејството на брендовите за убавина кои се неодамна претставени, ќе биде интересно да се види по што ќе се разликува шминката на познатиот визуелен уметник и дали неговите производи ќе можат да се натпреваруваат со оние на Rihanna – Fenty Beauty или KKW – на Kim Kardashian West.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber