Пејачката Celine Dion привлече големо внимание откако во Париз на една манифестација се појави со нејзиното 16-години помладо момче Pepe Munoz, а потоа на сите во очи им падна нејзината тежина.
Фановите на поп-дивата веднаш се загрижија, бидејќи таа драстично ослабела, а гардеробата која ја носеше таа ноќ уште повеќе го истакна тоа. Според информациите, Селин во моментов има околу педесет килограми.
– Те молам, внимавај, немој да станеш анорексичена. На граница си да станеш анорексична – се некои од загрижените коментари од фановите на пејачката.
Да се потсетиме, Селин беше на работ на нервен слом по трагедијата што и се случи пред две години, кога во рок од неколку дена починаа нејзиниот сопруг, менаџер, а потоа и брат.