И двајцата се родени во 1911 година. Таткото на Владимир Путин се викал Владимир Спиридонович Путин, а мајка му Марија Ивановна Путин (моминско Шеломова).
И двајцата се родени во 1911. година, Владимир постариот починал во 1999. година, а Марија една година претходно.
Татко му поминал добар дел од триесеттите години како морнар во подморница во Балтичката флота, а Втората светска војна се бореше со германските окупатори на фронтот.
Мајка му работеше во фабрика во Ленинград, а кога идниот руски претседател е роден, Марија станала домарка во зградата, за да биде поблиску до својот миленик. И Путин навистина и беше миленик.
Иако Марија и Владимир имале два сина пред Владимир помладиот, и двајцата починале како деца.
Алберт починал како бебе на крајот на триесеттите години, а Виктор и подлегнал на дифтеријата во текот на германската опсадата на Ленинград.
Ако земеме в предвид дека родителите на идниот руски претседател го добиле малиот Владимир кога веќе биле во подизминати години, поточно имале по 41 година, се однесуваа кон малиот Владимир како кон единец.
Младиот Путин се бавел со спорт, самба и џудо, и бил солиден ученик и студент.
Тој секогаш имал поддршка од својата мајка, која го крстела кога бил мал, потајно од татко му кој не верувал во Бог.