НЕ МОЖЕШЕ ДА МУ ОДОЛЕЕ НА СЛАДОЛЕДОТ: Злосторството на овој маж е откриено поради неговата слабост кон слатките!

18 јануари, 20190
г

Навистина не размислуваше …

На британецот Пол Хајман (36) главно хоби минатото лето му беше да ограбува куќи, а она што беше неговата слаба точка е страстта кон сладоледот.

Кога би влегол во некоја куќа, на крајот на грабежот, би ѕирнал во фрижидерот.

Од него би извадил сладолед и би се засладил во куќата, во дворот или пред неа.

Тоа функционирало неколку пати се додека не бил фатен од камери за надзор.

Можеби полицијата по снимките не би  успеала да го идентификува се до последниот грабеж, на 28. јули 2018. година, кога направил кардинална грешка.

Во куќата во која влегол, оставил две празни чаши од сладолед, но и лажицата со која јадел.

Полицијата така ја идентификуваше неговата ДНК и дознала кој е, објави “Daily Mail”.

На неодамнешното судење призна дека тој провалил во четири куќи за кои доби пет и пол години затвор.

Во прилог на консумацијата на туѓ сладолед без дозвола, го осудија и за кражба на банкарски картички, накит и лап-топ компјутери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber