Жолта е бојата која, на најверодостоен начин, ја опишува енергијата што ни ја носи пролетта и затоа ова е водечка боја за оваа сезона! Оваа боја е неисцрпен извор на инспирација за енергични и лелеави, пролетни аутфити.
Оваа пролет, жолтата е водечка боја, и е особено застапена на парчињата со строги линии, со цел да се внесе ведрина во формалните комбинации. Оваа сезона, особено се модерни жолтите панталони, кои можете да ги носите во секоја пригода. Жолтата е идеална боја за лелеави, романтични фустани, кои сами по себе ја отсликуваат пролетта.
Бидејќи времето од ден на ден станува се поубаво, сега е вистинското време да ги извадите омилените жолти парчиња од плакарот и да направите пролетна комбинација!