Биле на погреб, а после тоа и самите починале: Не знаеле дека меѓу нив има суперпреносител на корона

popara17 април, 20201min00
pogreb

Шест лица кои во март присуствувале на еден погреб  во Јужна Каролина, починаа од коронавирусот со кој се заразиле на гробиштата.

Имено, никој што присуствувал на погребот не знаел дека на погребот на починатиот присуствувал и суперпреносител кои ги инфицирал со коронавирус. Погребот бил организиран неколку дена пред масовните собири да бидат забранети од американските власти.

Шефот на мртовечницата рече дека ова е невидена трагедија.

„Не смееме да ги гледаме овие луѓе како обични бројки затоа што не се. Шест лица настрадаа. Останатите што беа погребот сѐ уште се во карантин. Никој не знаеше дека меѓу нив има заразени“, рече Роби Бејкер за локалните медиуми.

Ова не е првпат „супер преносител“ да зарази повеќе луѓе за време на само еден настан.

Така, минатиот месец беше објавено дека дури 45 од 60 членови на еден хор биле заразени за време на пробата во Вашингтон.

Во Австралија, дури 40 луѓе биле заразени со коронавирус, откако биле на свадба на почетокот на март во Сиднеј.

Според американските медиуми, сите шест трагични жртви од погребот биле Афроамериканци, и сите биле околу 60 години.

До денес, во Јужна Каролина се пријавени 109 смртни случаи и скоро 4.000 пациенти заразени со коронавирус.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag