Речиси и да нема генерација во човечката историја која не се прашува кога ќе дојде крајот на светот и како ќе изгледа. Сите предвидени датуми на судниот ден досега се покажаа како неточни, но еден теоретски физичар предвиде нешто позначајно – како би изгледала смртта на целиот универзум. Мет Каплан е теоретски физичар кој дал предвидување кога ќе се случи смртта на целиот универзум. Добрата вест е дека Каплан во иднина предвидува крај на сè што е познато и непознато во универзумот дека до тогаш можеме комотно да се натпреваруваме во проaзевање од здодевност. Каплан тврди дека крајот на универзумот ќе се случи во текот на следните неколку трилиони години.
Ќе биде малку тажно, осамено и студено место. Подобро е познато како „смрт на топлината“, каде универзумот ќе го сочинуваат претежно црни дупки и изгорени sвезди, објасни Каплан. Според неговото истражување, откако ќе престане формирањето на нови sвезди, многу бели џуџиња ќе експлодираат како супернови во далечна иднина и ќе станат црни џуџиња, или ладни sвезди кои веќе не зрачат со топлина и не светат. Ѕвездите со маса околу 10 пати помала од Сонцето немаат доволно гравитација или густина да произведат железо во нивните јадра како што прават масовните sвезди, така што сега не можат да експлодираат како супернови. Како што ладат белите џуџиња, во текот на следните неколку трилиони години тие со текот на времето ќе станат помалку светли и ќе замрзнуваат, станувајќи црни џуџиња кои повеќе не блескаат, вели Каплан. Кога ќе успеат да произведат доволно железо, тоа ќе ги натера да експлодираат како супернови, но според предвидувањата на Каплан, тоа ќе се случи незамисливо далеку во иднина. Тој додаде дека околу еден процент од постојните ѕsвезди ќе експлодираат како супернови. Тоа може да биде и последната интересна работа во вселената, истакнува Каплан.