Америчкиот интернет гигант за малопродажба, Амазон, мора да ја засили својата заштита на работниците од корона вирусот и да ја ограничи испораката на производи во Франција, пресуди францускиот суд.
Компанијата не вложи доволно напори за да обезбеди безбедно растојание меѓу работниците, ниту темелно го процени ризикот од зараза при пренесување пакети, објави судот врз основа на инспекциите од инспекторите во повеќе складишта во Франција.
Затоа, судот му одреди рок од 24 часа да го намали протокот на сите пратки низ магацините и да ги ограничи на намирници, средства за хигиена и медицинска опрема, заканувајќи му се со парична казна од 1 милион американски долари на ден во одложување на спроведувањето на оваа одлука.
Работниците во повеќе наврати се судриле со администрацијата на Амазон во Франција и други земји во однос на степенот до кој се спроведуваат упатствата за здравствена заштита. Компанијата пријави десетина случаи на зараза меѓу работниците.
Затоа, претставниците на синдикатот рекоа дека се задоволни од пресудата и се надеваат дека тоа ќе резултира во помалку испораки за време на пандемијата.
„Доколку се задоволни од испораката на апсолутно неопходната роба, работниците ќе можат да се придржуваат кон одредбата за растојанието“, рече Татјана Кампањ.
Американскиот гигант за онлајн трговија постојано истакна дека ги почитува упатствата за контрола на инфекциите. Тие рекоа дека не се согласуваат со пресудата, додавајќи дека сè уште ги проценуваат нејзините импликации по логистичките центри.
Тие тврдат дека ја мерат температурата на работниците во Франција, исто како и во другите земји, и им биле дадени заштитни маски и гелови за дезинфекција. Сега ќе треба да соработуваат со претставниците на работниците за проценка на ризикот и модификација на протоколот.
Во внатрешниот документ испратен до синдикатите во средата се вели дека Амазон ќе ги стави на минимум сите складишни активности во Франција од 16 до 20 април.
Некои синдикати бараат целосно исклучување на дејноста на Амазон во Франција, или во најмала рака намалување на активноста заради несоодветни здравствени стандарди, со оглед на прекумерниот број на луѓе во магацините и другите објекти.