Израелците успеаа да ги излечат пациентите од корона: 100 проценти успех, еве кој метод го користеле!

popara12 април, 20201min00
corona

Во Израел, шест пациенти заразени од корона вирус биле третирани со матични клетки и целосно оздравеле.

Според локалните медиуми станува збор за шест пациенти кои биле во критична состојба и имале хронични болести. Нивните шанси за преживување биле многу мали, но тие оздравеле со овој метод на лекување.

Поточно, израелската компанија Плуристем спровела во три различни здравствени центри посебни процедури со матични клетки кои биле земени од плацента и ги вметнале во пациенти со висок смртоносен ризик. После седум дена третман, 4 пациенти со респираторни проблеми покажале подобрување.

Не само што преживеале сите пациенти, туку и останатите двајца пациенти покажале подобрување на клиничката слика.

Според Министерството за здравство, во Израел 96 лица починале од корона вирусот, додека бројот на заразени лица достигна 10.525. Министерството соопшти дека досега во Израел оздравеле 1.258 лица.