КОНЕЧНО ОДЛУЧИЈА: Ременски, Боки и татко му ќе бидат судени за „Меѓународен сојуз“

popara12 мај, 20201min00
boki-13-remenski-960x688

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинението против правното лице „Меѓународен сојуз“ и пет други физички лица за кривичните дела „Измама” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”, по одржана нејавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

По веќе одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Освен Бојан Јовановски Боки 13, обвинети се и неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ, почесната претседателка, пратеничката Фросина Ременски, како и асистентката на Јовановски, Кристина Блажевска.

Според обвинението, во периодот од 08.07.2017 година до 13.04.2018 година првообвинетиот како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност. Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и со умисла му помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Второобвинетата откако првообвинетиот ќе и дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со првообвинетиот. Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите.

Петтообвинетиот иако знаел дека парите потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противаконито посредување, со умисла му помогнал на првообвинетиот да ги пушти во оптек, па откако првообвинетиот ќе му дадел готовински средства, тој ги уплаќал на својата девизна сметка, дел пренесувал на сметките на правните лица по основ на поврат на позајмица, дел ги подигал во готовина и ги уплаќал на правните лица по основ на позајмица, а за сето тоа нема легално покритие. Воедно, петтообвинетиот во својот дом неовластено држел огнено оружје три полуавтоматски пиштоли и муниција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag