КОНЕЧНО ПРОНАЈДЕН КОВЧЕГОТ СО ЗЛАТО ВО КАМЕНИТЕ ПЛАНИНИ! Илјадници го бараа, а cтотици луѓе загинаа трагајќи по него

9 јуни, 20200
zlato

После 10 години потрага и илјадници храбри авантуристи кои ја пребаруваа во Американките Камени Планини, конечно беше пронајден ковчег полн со злато, рубини, смарагди и дијаманти.

Форест Фен, 89-годишен колекционер на уметност и антиквитети кој го дизајнираше овој лов на богатство, објави дека богатството е пронајдено, а открил и каде лежело сите овие години.

  • Лежело под sвездите, во густите шуми на Карпестите планини и не се поместило од местото каде што го скрив пред 10 години – изјави Фен.

Тој рече дека не го познава лицето што го пронашло богатството. Тој истакна дека станува збор за човек кој сакал да остане анонимен.

  • Не знам кој е тој, но знам дека песната од мојата книга го довела на точната локација – рече Фен.

Колекционерот објасни дека среќниот пронаоѓач е од источниот дел на САД и дека му испратил фотографија од богатството како доказ дека ковчегот навистина бил пронајден.

Потрагата по богатството, вредно повеќе од милион долари, била начин на Фен да ги инспирира луѓето да уживаат во природата и да им дадат надеж по Големата рецесија, пренесува СNN.

Фен ги криел трагите до местото каде го погребал богатството во песната што била објавена во неговата автобиографија „Возбуда на потерата“ во 2010 година.

Се проценува дека 350.000 луѓе од целиот свет биле вклучени во ловот на богатството. Некои си поднеле оставки и го посветиле својот живот, а некои дури и ги загубиле своите животи во таа авантура.

  • Сакам да им честитам на илјадниците луѓе кои учествуваа во потрагата и се надевам дека и понатаму ќе бидат привлечени од ветувањата за други откритија“, рече Фен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *