Елевационистите се посветени на духовните благодети од канабисот. Тие не следат никаква догма ниту пак бараат преминување од други вери во нивната. Имаат само едно правило – сите припадници се должни да го прифатат канабисот како причест.
Оваа црква се наоѓа во Денвер, во САД, и внатрешноста и е украсена со неонски мурали во бои на виножитото кои ги насликал славниот шпански уметник Окуда Сан Мигел. Има и неколку клупи на кои е дозволено уживањето во марихуана, а верските настани се надополнети со музика, ласерско шоу и различни проекции.
Црквата е отворена за сите заинтересирани од понеделник до четврток од 13 до 16 часот, а петок, сабота и недела од пладне до 18 часот. Сепак пушењето е забрането во јавност и членовите на оваа црква мора да бидат постари од 21 година.
Канабисот во сојузната држава Колорадо е легализиран од 2014 година, и полнолетните лица смеат самостојно да одгледуваат до 6 стебла и да поседуваат до 30 грама марихуана.