Можеме ли да се заразиме со Корона вирус преку храна?
По веста дека кинеските власти го изолирале коронавирусот на пакувањето на замрзнати пилешки крилца, постоела загриженост дека коронавирусот може да се пренесе со консумирање храна. Сепак, здравствените експерти за Си-Ен-Ен велат дека нема докази дека коронавирусот може да се пренесе преку храна. Нема простор за паника, велат тие. Точно е дека вирусот е откриен во храната во Шенжен, Кина, го потврдија официјалните власти, но тие не го именувале брендот.
Резултатите на луѓето кои потенцијално имале контакт со заразени пилешки крилца се досега негативни, потврдија кинеските власти. „Овој вирус е главно респираторен и се пренесува од личност до личност“, вели д-р Иан Вилијамс, шеф на Центрите за контрола и превенција на болести на САД, кој ги испитува заболувањата поврзани со потрошувачката на храна и вода. „Во овој момент, нема докази дека евентуалното консумирање на загадена храна има какво било влијание врз ширењето на епидемијата“, истакнува Вилијамс.