Еден од најпопуларните рапери во светот, 33-годишниот Дрејк
стана татко на момче пред повеќе од две години, но неговото лице не го
покажуваше на социјалните мрежи се досега. Иако Дрејк е со темна боја на кожа,
неговиот првороден син Адонис, именуван по грчкиот бог на убавината, има руса
кадрава коса и сино-зелени очи. Дрејк се пофали со заеднички фотографии со
својот син и неговата 30-годишна мајка Софи Бруса, а покажа и фотографија од
неговата мајка, русокосата баба на Адонис, од која момчето мора да добило
„сините гени“.
Но, неговите следбеници на социјалните мрежи не се баш сигурни дека момчето е русокосо на бабата. Тие се прашуваат дали е сигурен дека тој навистина е неговиот татко. „Бебето е слатко, но воопшто не изгледа како Дрејк. Ниту најмалку“, „Мајката треба да разјасни некои работи“, се некои од комнтарите.
Потсетуваме, Дрејк и неговата партнерка никогаш не се венчаа.
За неа не се знае многу, освен тоа што е родена и порасната во Франција и е
поранешна порно ѕвезда која настапуваше под името Роуз Дивин. Таа ја напушти
таа работа и сега е етаблиран уметник, која веќе освои многу признанија, а ја
води и непрофитната организација „ArtsHelp“. Таа и Дрејк, наводно, се запознале
во 2017та година во Амстердам. Иако раперот, откако дознал дека неговото бебе е
на пат, признал дека не е сигурен дека тоа е негово, но златните кадрици на
Адонис што ги наследил од баба му се доволен доказ дека тој е неговата крв.