Купувавте храна без компас за да ја фрлате во контејнер? БРУКА!

31 март, 20200
hrana vo kontinjer 3

Како поминува времето, се почесто се појавуваат последици од паничното купување по продавниците од појавата на корона вирусот.

Друштвените мрежи се преплавени со фотографии на продукти со поминат рок (леб, зеленчук, овошје) фрлени во кантите за ѓубре. Повеќето од нив се увезени од Велика Британија, земја која сега почнува да се соочува со проблемите предизвикани од корона вирусот, од кој до сега починале повеќе од 1400 Британци.

Лебот, бананите и пилешкото месо се само дел од продуктите кои масовно се купуваа, а не биле употребени заради поминување на рокот.

„Себични луѓе?“, „Што не е во ред со народот во оваа земја?“, „Зошто некој неконтролирано би купувал продукти, кои нема да ги искористи?“, „Кои се овие луѓе?, Бесна сум“, се само дел од стотината коментари на друштвените мрежи.

Комуналните служби потврдиле дека во овој период количината на отпад е поголема од секогаш.

„Во последните две недели количината на отпад од домаќинствата пораснала за 30 посто, што се должи на фрлање на неискористената храна на која и поминал рокот, која најчесто не била ни отпакувана“, констатираат комуналните служби.

Британија е во карантин, а британците можат да излезат од своите домови еднаш во тек на денот за купување на основните намирници. Ова може да доведе до намалување на увозот на продуктите од оваа земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi