НАЈБИЗАРНИТЕ НЕШТА ОД ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ

14 август, 20200
Annotation 2020-08-14 003407

Направил хотел од карти, го растегнал стомакот до невозможност, се омажила најмногу пати во историјата

Самиот влез во Гинисовата книга на рекорди со себе носи престиж и парична награда а некои луѓе баш се потрудиле да станат рекордери. Ова се само дел од чудесните достигнувања кои се забележани.

Најголема изложба на Звездените војни

Компанијата Лего на 27 јуни 2008 ја направила најголемата изложба на војници од Звездени патеки во светот, направена во целост од лего коцки. Изложбата имала дури 35.310 фигури и претставувала вистинска посластица за сите љубители на овој серијал.

Хотел со површина од 37 метри квадратни направен од карти за играње

Брајан Берг ја направил највисоката кула од карти и со тоа прв пат влегол во Гинисовата книга на рекорди кога имал само 17 години. Во својата 34 година, овој професионален сложувач на карти го соборил сопствениот рекорд, правејќи џиновски хотел од карти, чија површина била неверојатни 37 метри квадратни.

Интересно е тоа што хотелот имал соба за спиење, трпезарија и купатило, дури и мебел во природна големина, исто така направени од карти.

За овој необичен подвиг му биле потребни дури 200.000 карти.

Човекот со најеластична кожа

На 28 октомври 1999 година во Лос Анџелес, Гери Тарнер е прогласен за човек со најеластична кожа во светот, бидејќи успеал да ја истегне кожата на својот стомак дури 15,8 cm.

По испитувањето на здравствената состојба на Гери, докажано е дека боледува од ретка болест – пореметување на сврзното ткиво.

Најголемата скржавка на светот

Хети Грин била многу богата жена, во еден момент и најбогата жена во светот, и тоа претежно заради тоа што не трошела пари за ништо. Потекнувала од семејство кое се занимавало со приватен бизнис, кој таа го продолжила, а постојат многу приказни кои говорат за нејзината скржавост.

Штедела на се. Таа никогаш не уклучувала греење, ниту пак користела топла вода. Носела стар црн фустан, која го сменила дури кога бил скроз излитен. Не ги миела рацете, не се возела со кочии. Претежно јадела пити кои биле 15 центи. Кога нејзиниот син скршил нога, ногата му ја ампутирале  бидејќи Хети го одлагала лекувањето за да може да добие бесплатна медицинска нега.

Жената која имала најголем број на бракови

Линда Вулф (68) ја држи титулата за жена која се мажела најмногу пати. Пред олтарот била дури 23 пати и сега е во потрага за дваесет и четвртиот господин. Прв пат се омажила во 1967 година, кога имала само 16 години, и била во брак до својата 31 година. Со сите други мажи била најмногу по година дена, а на нејзината брачна листа се наоѓаат и осуденици, проповедници, бармени, водоинсталатери и музичари.

” Сериската невеста” , како што ја нарекуваат, сега живее во дом за стари лица и , барем по нејзините зборови, никогаш во животот ниеден маж не изневерила, а изјавила дека е осамена и дека сака повторно да се мажи.

Најстариот играч на тенис на маса

Веројатно најинтересни се оние Гинисови рекорди кои се поставени од стари луѓе. Дороти де Лу со своите 97 години е најстариот играч на тенис на маса во светот. Таа ја претставувала Австралија на 14тиот Светски шампионат во тенис на маса за ветерани во Рио де Жанеиро, Бразил во 2008 година, а наредната година учествувала во подготовки за Светски мастер турнир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi