Странските медиуми порано објавија дека еден од новите симптоми што лекарите го поврзуваат со корона вирусот е осип сличен на смрзнатост, кој се појавува на прстите!
Сега американските медиуми известуваат дека овој симптом всушност има сосема друго значење!
Осипот е забележан кај пациенти изминативе месеци во Америка, но и во Велика Британија. Тоа е црвен или син осип што се појавува на прстите.
„Уште учиме за сè што е поврзано со оваа болест, но овие лезии што се појавуваат на прстите многу потсетуваат на штетата што ја добиваме при многу ладно време. Симптомот е поврзан со ковид на некој начин, веројатно резултат на воспаление или ограничен проток на крв во тој дел од телото. „Интересно е што го гледаме кај луѓе кои се опоравиле, односно дека се појавува дури откако тие веќе не се позитивни на корона вирусот “, рече неврохирургот д-р Сањај Гупта за Си-Ен-Ен.
Според тоа, симптом наречен „ковидни прсти“ е можен знак дека некој се заразил со корона вирусот. Прочитајте го списокот на уште осум симптоми кои укажуваат на тоа дека сте заболеле од корона вирусот, дури и без тоа да го знаете!
- Инфекција на очите
- Сува кашлица
- Ментален замор
- Висока температура
- Тешкотии при дишењето
- Губење на чувство за мирис и вкус
- Проблеми со стомакот
- Физички замор