Пол МекКартни и Елтон Џон-водители на специјалниот ТВ проект за борба против КОВИД-19

popara7 април, 20202min00
пол

Пол МекKартни, Елтон Џон, Еди Ведер, Стиви Вондер и други го потврдија своето учество во специјалниот ТВ проект посветен на славење на работата на здравствените работници за време на пандемијата на коронавирус. Специјалниот проект „The One World: Together at Home“ е ко-спонзориран од Global Citizen и Светската Здравствена Организација, а ќе се емитува на 18 април. Магазинот Ролинг Стоун забележува дека собраните средства „ќе бидат од полза на Фондот за солидарност за КОВИД-19, како и за локални и регионални добротворни организации кои им обезбедуваат храна, засолниште и здравствена заштита на оние кои имаат потреба од тоа“.

Експертите од целиот свет апелираат за големо внимание бидејќи бројот на потврдени случаи достигна 1,36 милиони, со 75.900 смртни исходи и 293.454 оздравени. Од 989.656 активни случаи, 95 проценти се вели дека се со благи симптоми, додека 47.539 се сериозни или критични. Во САД, вкупниот број случаи е 367.650, со 10.943 починати и 19.810 оздравени.

Пол Стенли објави уште еден домашен перформанс свирејќи ги песните на Kiss- „Makin’ love“, “Hotter than Hell “ и„ Got to choose “. Пред да започне со изведбата, тој рече: „Сите денови се многу исти. Дали ни е здодевно? Да! Јас би сакал да работам повеќе отколку што работам – но супер е да можам да поминат некое време со вас. …Ова не е перформанс, не е концерт, не е рецитал- ова сум јас и се дружам со вас. … Можете да пеете ако сакате. Вие сте во бендот! “

Видеото можете да го погледнете подолу.

Семи Хагар се врати на една песна што ја изведуваше со Ван Хален, свирејќи кавер од Who- „Won’t get Fooled Again“. Tој рече: „Отсекогаш сум ја сакал оваа мелодија… можеби ова е мојата омилена песна од Who!“

Пол Симон изведе кaвер од Everly Brothers- „I wonder if I care as much“со помош на неговата сопруга Еди Брикел, додека Роби Кригер држеше онлајн час за учење на песната„Roadhouse Blues “ на Doors, a Џери Ли Луис испрати лична порака до неговите фанови.

Ноел Галагер рече дека започнал со складирање на алкохол по искуството што го доживеал кога отишол во продавница и немало никаков алкохол. „Отидов во супермаркетот и ги видов празните полици со свои очи“, објасни тој. „Отидов таму со идеја да купам многу алкохол. А се што имаше останато беше безглутенско пиво Перони. Сите пива беа купени! ” Како резултат на тоа, тој прибегна кон „панично купување на алкохол“. „Сега кога пабовите се затворени“, рече тој, „единствената работа што треба да ја направите е да го испиете вашиот начин на справување со тоа“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag