ПОЗНАТ Е ДЕКА ПРЕТЕРУВА! Еве колку пати Берлускони се тестирал за корона, откако дознал дека неговиот ПРИЈАТЕЛ Е ПОЗИТИВЕН!

popara26 август, 20201min0
berluskoni

ПАНИКА меѓу познатите кои дел од одморот го поминале во Сардинија, омилена дестинација на славните и оние кои сакаат да бидат видени во друштво на славни и богати

Откако Флавио Бријаторе, богат човек и, меѓу другото, сопственик на славната дискотека во Сардинија „Милијардер“, беше хоспитализиран заради Ковид-19, многумина кои го запознале во изминатите неколку дена побрзаа да се тестираат.

Меѓу другите е и лидерот на партијата Forca Italia, Силвио Берлускони, кој според партијата, поминал под двојно тестирање и „сега се чувствува одлично, се вратил дома и ги презел сите свои политички обврски“.

Берлускони и Бријаторе се сретнале на 12 август во Сардинија, во вилата на Берлускони, а по средбата, на социјалните мрежи е објавена фотографија.

На почетокот на пандемијата на Ковид19, Силвио Белускони се пресели со својата ќерка во Ница во Франција и остана таму, сè додека карантинот беше на сила во Италија заради пандемијата на коронавирус.

Како што веќе објавија медиумите, дискотеката Флавија Бријаторе во Сардинија е едно од жариштата на вирусот, сега е затворена, но повеќе од 60 вработени се позитивни на Ковид19.

Во август, Сардинија стана едно од местата со најголем број за заразени со коронавирус, преполните плажи, гужвите во рестораните и дискотеките, придонесе за ширење на инфекцијата, а многумина го завршија одморот во болниците низ Италија, откако се вратија дома од одмор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag