Природни етерични масла кои можат да Ви помогнат против чешањето од убод од комарци

5 август, 20200
hjk

Додека ладните масла како пеперминт или лаванда имаат антивоспалително дејство, треба да се избегнуваат оние како оригано или цимет, бидејќи ја загреваат кожата. Исто така, важно е да се разредува маслото за да не делува премногу агресивно на кожата

Каснувањата од комарец се вистински кошмар, особено за децата и оние со чувствителна кожа. Ако не сте обожавател на употреба на хемиски средства за да ги ублажите ефектите, хомеопатите препорачуваат да користите есенцијални масла кои можат да направат чуда за да се ослободите од чешањето и отокот.

1. Масло од лаванда

Исто како што лавандата има чудесен ефект врз смирување на умот, така ова масло има ефект и на кожата – ја подмладува и освежува. Студиите покажуваат дека по убодот од комарец лавандата го намалува отокот, а неговата активна состојка „linalool“ е природно средство за дезинфекција.

2. Масло од чајно дрво

– Етеричното масло од чајно дрво е одличен избор за намалување на чешањето и отокот – вели Валенсија МекКлур, ароматерапевт и основач на „Артерија на есенцијални масла“. Покрај тоа, маслото од часно дрво е популарно во третманот на акни и слични проблеми со кожата и го јакне имунитетот.

3. Масло од пеперминт

Ова масло веднаш ќе го олади местото со убод и ќе ѝ даде шанса на кожата да се опорави без иритација што предизвикува чешање. Покрај тоа, силниот мирис на ова масло има двојна функција – ќе ги „избрка“ другите комарци, и ќе го зголеми вашето чувство на будност и ниво на енергија.

4. Камилица

Маслото од ова лековито растение се користи со векови како средство за смирување на кожата затоа што има антиинфламаторно дејство, а исто така ќе помогне при каснувања и убоди и од други инсекти.

5. Масло од еукалиптус

Како пеперминтот,така и еукалиптусот лади, а неговите антимикробни и антиинфламаторни својства го прават популарен избор за локална примена.

6. Босилек

Помалку очигледен избор за лекување на убоди-босилек. Има и антимикробни антиинфламаторни својства. Босилекот е познат во светот на природната медицина како природен инсектицид, вели МекКлур.

Масла кои треба да се избегнуваат

За разлика од разладувачките, смирувачките масла, има и такви што можат да направат повеќе штета отколку добро кога се применуваат на убодите. „Вилафранко“ препорачува да се избегнуваат оние што стимулираат топлина како што се цимет, црн пипер, оригано или ѓумбир, бидејќи тие можат да го интензивираат чешањето и отокот.

Како и зошто да се разредуваат маслата

Многу масла ќе предизвикаат иритација доколку се нанесат директно на кожата, затоа прво ќе треба да ги разредете во основно масло, како масло од арган, јојоба или масло од шипинка. Препорачливо е да се користи мешавина од концентрација од 10%, доколку се користат локално, но доколку ги нанесувате по целото тело – оставете концентрацијата да биде до 5%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi