Внимавајте! Криминалците нема да Ве поштедат ниту за време на пандемијата. Ја користат секоја прилика!

5 август, 20200
000_Hkg10170763

Интернет-криминалците ја користат пандемијата на Коронавирус за да ги префрлат целите за компјутерски напад од поединци и мали бизниси на големи корпорации, влади и критична инфраструктура, објави во вторникот „Интерпол“.

Меѓународното тело соопшти дека неколку земји пријавиле малициозен софтвер, напади врз влади и болничка и медицинска инфраструктура, кои веќе биле во неволја поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Полициските истраги покажуваат дека повеќето напаѓачи точно ја проценуваат максималната сума што можат да ја побараат од нападнатите компании и организации, вели „Интерпол“.

„Сајберкриминалците ги развиваат и интензивираат нападите со алармантна брзина, искористувајќи го стравот и несигурноста предизвикана од социјалната и економската состојба создадена од „Ковид-19 ““, предупреди генералниот секретар на „Интерпол“, Јуерген Сток.

Организацијата соопшти дека натамошно зголемување на стапката на компјутерски криминал е „многу веројатно во блиска иднина“, особено заради ранливоста предизвикана од работа од дома.

Неточните информации за Ковид-19 се исто така причина за „растечка загриженост“ во повеќе од 20% од државите кои одговориле на истражувањето за компјутерски криминал, додава „Интерпол“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *