Прогноза: На кои места нема да се појави корона вирус?

popara4 април, 20201min00
vesti 2

До 4 ти април 2020та година, само во 19 држави не се регистрирани заразени случаи, иако постои можност тие да ги кријат тие податоци. Сепак, ако има место каде што вирусот нема да дојде, тоа е најверојатно е Науру.

На 12ти јануари, пред помалку од три месеци, корона вирусот беше ограничен исклучиво на Кина. Ниту еден случај на „Ковид 19“ не е регистриран во другите земји во светот, пишува BBC. А потоа, на 13ти јануари, вирусот стана глобална пандемија, со заразенни  случаи во Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја, а потоа и насекаде низ светот. За неколку недели, едноцифрените броеви на случаи станаа „поплава“ од болни, загрозувајќи ги здравствените системи и животот на луѓето. Денес имаме над еден милион пациенти во земјите од Непал до Никарагва. Бидејќи бројот на починати расте и капацитетот на болниците станува преполн, останува прашањето – постои ли на светот место на кое го нема вирусот?

19 незаразни земји до 4ти април 2020. година, во светот има 19 држави кои немаат регистрирано ниту еден случај на „Ковид 19“, според Универзитетот Џон Хопкинс.

Тоа се: Комори, Лесото, Малави, Маршалските Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сент Томас и Принцип, Соломонските острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен. Некои од нив, велат експертите, сепак го имаат вирусот, но и непријавени случаи. Ова е многу веројатно, на пример, во Северна Кореја и воениот удар во Јемен. Но, дефинитивно има земји каде вирусот сè уште не пристигнал, а тоа се претежно мали островски држави со многу малку посетители за да го донесат вирусот. Ова растојание значи едно: во оваа ера на правила за социјално растојание, островските држави се оригиналните самоизолатори.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag