ПРВО ГИ ВАРЕЛЕ ВО ВОДА, ПОТОА ГИ ОБЛИКУВАЛЕ! Страшен случај во Виетнам: Запленети 345.000 користени кондоми подготвени за продажба! (ФОТО)

popara24 септември, 20201min0
КОНДОМИ

Полицијата во Виетнам заплени околу 345.000 користени кондоми кои беа исчистени и препродадени како нови, пренесоа државните медиуми.

Снимките што оваа недела ги емитува виетнамската државна телевизија (ВТВ) покажуваат десетици големи вреќи користени контрацептиви расфрлани на подот на еден магацин во јужната провинција Бин Дуонг.

Полицијата соопшти дека торбите тежат повеќе од 360 килограми, што е еквивалентно на 345.000 кондоми.

Сопственикот на магацинот рече дека добиле „месечен внес на користени кондоми“ од непознато лице, објави државниот весник „Туои Тре“.

Приведената жена и рекла на полицијата дека употребената профилакса најпрво се варела во вода, а потоа се сушела и преобликувала на дрвен фалус пред да се препакува и препродава.

Не е јасно колку рециклирани кондоми се веќе продадени. Приведената жена рече дека добила 0,15 евра за секој килограм рециклиран кондом што го произвела.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag