Рајски плажи окупирани од крокодили: Откако нема туристи поради короната, се случуваат големи промени

17 април, 20200
rajska plaza

Крокодилите во Мексико, за прв после неколку децении излегоа на плажите бидејќи луѓето се повлекоа поради епидемијата на коронавирус, земја во која се заразени се 5.847 луѓе, при што скоро 450 се починати.

„Кога луѓето ги нема, на крокодилите им е одлично“, пренесуваат мексиканските и американските медиуми.

Популарната дестинација за екотуризам, лагуната на плажата Вентанила, е дом на крокодили кои поголемиот дел од времето го поминуваат криејќи се од посетителите од сите области во Мексико, кои ги фотографираат од туристички чамци.

Но, сега кога туристите се повлекоа, крокодилите сè повеќе можат да се забележат, а една од фотографиите на која има пет крокодили го обиколи американскиот континент.

Крокодилите некогаш биле загрозен вид поради лов и нелегална трговија.

Крокодилите кои живеат во солена вода имаат животен век и до 70 години. Тие растат целиот свој живот, така што можат да достигнат и до седум метри должина.

Мексиканските крокодили се помали од другите, нешто повеќе од четири метри.

На изглед се слични на американските и кубанските крокодили, но се потемени од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi