
Астрологот Арик Ксандер тврди дека преку астрологијата успеал да ја предвиди иднината на пандемијата на корона вирусот. Тој стигнал до резултати што се во спротивност со научното истражување.
– Вирусот корона се рефлектира на многу планети во знакот на Јарец – напишал на својот блог Астролоџикал Велнес и додал:
– Го гледам Јужниот јазол на колективна свест кој ја претставува целата наша судбина, а кој е поврзан со Венера, воздушната планета на гас, а Јарецот е знак на страдање и материјална темнина. Јарецот е 11-та астролошка куќа во целина, што дополнително комбинира страв (Јарец) и вирус.
Експертот за астрологија додаде дека Нептун, планетата што има врска со инфекцијата, е во „првата куќа на телото“, што исто така укажува на физички симптоми.
– Кентаурот и црната месечина се во втората куќа на парите, како што е и Уран. Она што навистина го гледам е колективната вознемиреност помеѓу економијата и парите.
Покрај ова, северниот јазол е во знак на Рак, а кој е знак на заздравување и заштита, исто така може да се затвори.
САД, држава во знакот на Рак што се затвори во однос на остатокот од светот, е знак на паника и подготовка за „апокалипса“, тврди Ксандер.
– Интересно е да се види колкава врска има нашата колективна свест со опстанокот и како таа шема се претвора во борба и пат што води кон насилство и страв од недостаток на ресурси – забележува Ксандер и смета дека ова може да помогне во борбата против пандемијата:
– Мораме да ја искористиме месечината во Водолија за да ги избалансираме јазлите, со поврзувањето на човечкиот род со срцето и умот, наместо да се изолираме и да бидеме во паника. Сатурн сака да ја подобриме нашата колективна свест, што е поврзано со лошата употреба на пари низ целиот свет.
Астрологот смета дека во светот многу владее материјализмот, удобноста и мрзеливоста, така што ни треба воздушен елемент за да го „исчистиме и разнесеме“ тоа. Тој тврди дека материјалните работи го создале овој хаос и дека тоа најмногу ќе влијае на светската економија.