Што предизвикува несоница: еве кога хронична несоница се јавува најчесто кај жените

14 август, 20200
Annotation 2020-08-13 231308

Што ја предизвикува несоницата и како се третира – жените на оваа возраст имаат најголем ризик!

Што е несоница?

Несоницата е нарушување што подразбира несоодветно или лошо спиење затоа што некое лице има проблем да заспие, премногу често се буди во текот на ноќта, се буди премногу рано или самото спиење не е доволно добро. За да може да се дијагностицира несоница, симптомите мора да бидат присутни најмалку три ноќи неделно и да траат најмалку еден месец.

Покрај тоа, тие мора да придонесат лицето да се чувствува исцрпено во текот на денот, да има слаба концентрација и да не се чувствува одморено и поспано кога се буди. Несоницата не се заснова на тоа колку часови некој спие или колку време е потребно за едно лице да заспие. Секој од нас има потреба од помалку или повеќе спиење, така што главниот показател за несоница е слабо функционирање во текот на денот како резултат на лошиот сон.

Како може да се класифицира несоницата?

Несоницата може да се класифицира како епизодна (или ситуациона), постојана и повремена. Ако е епизодна, може да трае од еден до три месеци.

Главно се поврзува со стресни животни настани. Ако трае повеќе од три месеци, тоа значи дека е трајна, а во случај да имате две или повеќе епизоди во текот на годината, тогаш се смета за повремена.

Несоницата придонесува за некое лице да се чувствува исцрпено во текот на денот, да има слаба концентрација и да не се чувствува одморено и наспано кога се буди.

Несоница може да се појави на која било возраст, но најчесто првите епизоди се случуваат во дваесеттите години. Кај жените, може да се појави како резултат на менопауза заедно со други симптоми. Почеста е кај постари возрасни. Проблемите со спиењето може да се појават и кај децата и кај адолесцентите, но многу поретко и најчесто се последици од нередовна рутина кога станува збор за спиењето. Како и да е, не е исклучено психолошките и медицинските фактори кај децата и адолесцентите да придонесат за несоница.

Кои се симптомите на несоница?

Дијагностичките критериуми за несоница вклучуваат потешкотии при заспивање, одржување на сонот, будење рано наутро и неможност да се вратите на спиење. Овој вид нарушување на спиењето може да доведе до сериозни промени во функционирањето во сите сфери на животот, од социјално, преку академско, бихејвиорално и деловно работење. Кои се причините за несоницата?

Постојат многу голем број на причини за несоница. Некои од нив се:

Промена на работа;

Депресија, вознемиреност, прекумерна грижа;

Стрес;

Тага;

Возбуда;

Употреба на никотин, кофеин, алкохол или други стимуланси;

Одредени лекови или прекинување на користење на лекови;

Спиење во текот на денот;

Хипертироидизам;

Проблеми со дишењето;

Менопауза;

Дигестивни проблеми;

Различни проблеми од медицинска природа;

И останато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi