Дали сте ја слушнале изрека „целиот бурбон е виски, но целото виски не е бурбон“. Ако сте ја чуле и не сте знаеле што значи, време е да дознаете. Особено ако пиете виски (и бурбон).
Виски е дестилат од ферментирана мешавина на житни култури, кои вклучуваат пченица, ‘рж, пченка и јачмен, кои отстојуваат во стари дрвени буриња.
Се произведува ширум светот, шкотското, ирското и американското виски се популарни. Најпопуларен е бурбонот. И зошто е толку посебен?
Бурбон е икона на американските жестоки пијалоци, но не било секогаш така. Во почетокот на 20 век, бурбонот бил евтин, горчлив и генерално лош.
Промената на рецептот го направи еден од најпопуларните жестоки пијалоци во светот, а производствените регулативи станаа многу построги, благодарение на производителите кои, на почетокот на 19 век, сакаа да го „разредат“ вискито.
На крајот на векот, биле донесени регулативи со кои детално се регулирало производството, од кои едната е дека вискито мора да биде под контрола на американската влада најмалку 4 години за да се нарече бурбон.
Еве што мора да се исполни за вискито да биде бурбон:
1. Мора да се произведува во САД.
2. Мора да содржи 51 процент пченка.
3. Мора да старее во нови дабови буриња.
4. Мора да се дестилира до 80% алкохол по волумен и да се чува во буриња со 62,5% алкохол.
5. Мора да се флашира со најмалку 40 проценти алкохол.
6. Не мее да содржи бои, адитиви или други конзерванси.