Зошто губи ПИГМЕНТ? 3 причини зошто косата понекогаш ПОБЕЛУВА пред триесетата година и начини како да го спречите тоа
Дознајте што би требало да избегнувате за да ја зачувате вашата природна боја на коса што подолго
Кога станува збор за косата, секоја жена посакува да има бујни и сјајни прамени цело време.
Меѓутоа, кога косата почнува да седи во тинејџерските денови, или во 20-тите години, ние користиме боја и други хемиски производи за да ги покриеме седите влакна.
Сепак, многумина не разбираат зошто косата губи пигмент и станува сива…
Тоа е главно природен процес на кој не може да се влијае премногу, а главните причини за тоа се:
Хормони
Според истражувањата, многу хормонални нерамнотежи предизвикуваат косата да почне да седи предвремено. Хормоните го нарушуваат меланинот, така што пигментацијата на косата е отсутна и останува без боја, пишува ПинкВила.
Недостаток на витамини и минерали
Косата може да стане сива, исто така затоа што во нашето тело немаме доволно витамин Д и витамин Б 12. Овој недостаток го намалува нивото на биотин, што предизвикува нашата коса да стане сива.
Оштетување од топлина
Кога косата е премногу изложена на УВ зрачење и постојано се третира со електрични средства, кои ја загреваат косата, како пегла и фигаро, станува оштетена и со тек на време може да изгуби пигмент. Како и кожата, косата не реагира добро на топлина и треба да биде заштитена од прекумерно изложување на кој било од нејзините извори.
Како да се спречи предвремен обелување на косата?
Масажа
Постојат одредени природни масла, како кокосово и рицинусово масло, кои помагаат во зајакнување на косата и зачувување на нејзината боја. Со масирање и триење на овие масла на скалпот, ќе го зголемите волуменот на вашата коса и ќе ја интензивирате циркулацијата.
Заштита од топлина
Кога излегувате и сонцето е премногу силно, а температурата е премногу висока, треба да размислите за тоа да ја покриете главата со шал или да користите серуми, лосиони и спрејови за коса со УВ-фактор за заштита.
Здрава исхрана
Секако, здравата исхрана игра значајна улога во намалувањето на бројот на сиви влакна и зголемување на пигментот. Јадете добро избалансирани оброци за да нема недостаток на одредени потребни хранливи материи во вашето тело, што потенцијално може да предизвика предвремено белеење на косата.