Доколку мислевте дека сѐ е во ред, истражувањето кое е спроведено може да ве одврати од таа мисла
Се чини дека она што жените навистина го бараат кај мажот е добрата смисла за хумор, бидејќи дури осум од 10 жени или 87 отсто од нив ја истакнале оваа карактеристика како најпривлечна. Како втора најважна особина, 75% од нив изјавиле дека е пожелно кога мажот „знае да управува со парите“.
А мажите првенствено сакаат духовити жени, но за нив втор најважен елемент е изгледот.
Студијата во која учествуваа 2.000 испитаници исто така откри дека жените многу ја ценат интелигенцијата. 74 отсто од нив се согласиле дека интелигенцијата е третата најважна особина што ја бараат кај мажот. 65% од жените го споменале и изгледот како привлечна карактеристика. Само 44 отсто од нив сметаат дека високата плата е важен фактор кога станува збор за привлечноста.
Иако мажите повеќе гледаат на изгледот отколку жените, помалку ги интересира интелигенцијата и не им е премногу важно жената да е финансиски стабилна.
Истражувањето покажало и дека шест од 10 парови се скарале поради пари, а 75% од нив заедно донеле големи финансиски одлуки.
– Кога мажот знае како да управува со парите, жените го гледаат како потенцијален партнер со кој можат да изградат иднина во која заедно ќе купат автомобил, стан… – вели истражувачот Џо Хемингс и додава:
– Споделувањето заеднички интереси е клучот за успешна врска.
Што ги привлекува жените?
- Смисла за хумор (87 проценти)
- Финансиска одговорност (75 проценти)
- Интелигенција (74 проценти)
- Добар изглед (65 проценти)
- Семејни визии (64 проценти)
- Животна цел (59 проценти)
- Образование (47 проценти)
- Добра плата (44 проценти)
- Амбиција во кариерата (40 проценти)
- Професија (32 проценти)
- Богатство (21 отсто)
Што ги привлекува мажите?
- Смисла за хумор (80 проценти)
- Добар изглед (67 проценти)
- Интелигенција (65 проценти)
- Финансиска одговорност (55 проценти)
- Животна цел (45 проценти)
- Образование (41 процент)
- Семејни визии (36 проценти)
- Добра плата (25 проценти)
- Цели во кариерата (24 проценти)
- Професија (19 проценти)
- Богатство (18 проценти)