Што ГИ ПРИВЛЕКУВА МАЖИТЕ, а што ЖЕНИТЕ? Ако мислевте дека сѐ е во ИЗГЛЕДОТ…

6 декември, 20210
Screenshot_5

Доколку мислевте дека сѐ е во ред, истражувањето кое е спроведено може да ве одврати од таа мисла

 

Се чини дека она што жените навистина го бараат кај мажот е добрата смисла за хумор, бидејќи дури осум од 10 жени или 87 отсто од нив ја истакнале оваа карактеристика како најпривлечна. Како втора најважна особина, 75% од нив изјавиле дека е пожелно кога мажот „знае да управува со парите“.

 

А мажите првенствено сакаат духовити жени, но за нив втор најважен елемент е изгледот.

 

Студијата во која учествуваа 2.000 испитаници исто така откри дека жените многу ја ценат интелигенцијата. 74 отсто од нив се согласиле дека интелигенцијата е третата најважна особина што ја бараат кај мажот. 65% од жените го споменале и изгледот како привлечна карактеристика. Само 44 отсто од нив сметаат дека високата плата е важен фактор кога станува збор за привлечноста.

 

Иако мажите повеќе гледаат на изгледот отколку жените, помалку ги интересира интелигенцијата и не им е премногу важно жената да е финансиски стабилна.

 

Истражувањето покажало и дека шест од 10 парови се скарале поради пари, а 75% од нив заедно донеле големи финансиски одлуки.

 

– Кога мажот знае како да управува со парите, жените го гледаат како потенцијален партнер со кој можат да изградат иднина во која заедно ќе купат автомобил, стан… – вели истражувачот Џо Хемингс и додава:

 

– Споделувањето заеднички интереси е клучот за успешна врска.

 

Што ги привлекува жените?

 

  1. Смисла за хумор (87 проценти)

 

  1. Финансиска одговорност (75 проценти)

 

  1. Интелигенција (74 проценти)

 

  1. Добар изглед (65 проценти)

 

  1. Семејни визии (64 проценти)

 

  1. Животна цел (59 проценти)

 

  1. Образование (47 проценти)

 

  1. Добра плата (44 проценти)

 

  1. Амбиција во кариерата (40 проценти)

 

  1. Професија (32 проценти)

 

  1. Богатство (21 отсто)

 

Што ги привлекува мажите?

 

  1. Смисла за хумор (80 проценти)

 

  1. Добар изглед (67 проценти)

 

  1. Интелигенција (65 проценти)

 

  1. Финансиска одговорност (55 проценти)

 

  1. Животна цел (45 проценти)

 

  1. Образование (41 процент)

 

  1. Семејни визии (36 проценти)

 

  1. Добра плата (25 проценти)

 

  1. Цели во кариерата (24 проценти)

 

  1. Професија (19 проценти)

 

  1. Богатство (18 проценти)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi